Вечерва Алтернатива ќе ја донесе конечната одлука дали влегува во Владата

/

Конечната одлука дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива, ќе биде дел од Владата ќе биде донесена вечер на седница на највисокото партиско тело – Централен совет.

Средбата е закажана за 19 часот во седиштето на партијата во Тетово, како што најави партискиот портпарол Орхан Муртезани, ќе биде донесена конечна одлука, а повеќе информации ќе има на прес-конференција по завршувањето на седницата.

На состанокот на Централниот совет на Алтернатива му претходеа три средби на Гаши со премиерот и претседател на СДСМ во оставка Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на парламентарното мнозинство од нивните четворица пратеници.



По последната средба што се одржа во средата, Владата соопшти дека се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации во СДСМ и Алтернатива и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка влада.

извор: zoom.mk

Претходна статија

Радев: Потребен ни е консензус за сите важни надворешнополитички прашања, поврзани со нашиот идентитет, нашата историја и правата на нашите сонародници во странство

Следна статија

Владата го утврди дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година, се враќа на усвојување во Собранието

Најново од Вести