ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРА НА „ЛИБРЕТАНГО“ ВО МОБ

За прв пат на сцената во Македонската опера и балет ќе се изведе премиера на балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола, на 14 ЈУНИ (четврток) 2018 година, почеток во 20.00 часот и реприза која ќе биде изведена на 16. ЈУНИ (сабота), со почеток во 20.00 часот …

Вечерва во Македонската опера и балет премиерно ќе биде изведена претставата „Либертанго“ на музика на Астор Пјацола, во кореографија е на Сабрина Боско од Италија. Авторката на либретото и режисерка на претставата е Наташа Поплавска

Приказната го следи патот на италијанското семејство Пјацола – неговите родители Висенте и Асунта на кои оваа јужноамериканска земја им дала надеж за подобар живот како и на многу други италијански емигранти.



Ликот на композиторот Пјацола во три животни периоди – дете, млад и стар ќе го играат Марко Здравковски, Симоне Џиролети и Драган Кочовски. Во улога на неговите родители Асунта и Висенте ќе настапат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, а тројца познати аргентински танчари ќе ги играат: Мими Поп Алексова-Атанасовска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска и Марија Јосифовска-Ристовска. Репризата ќе биде на 16 јуни.



Претходна статија

СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ НА БЛАГИЦА АРСОВА

Следна статија

ВО ВЕЛЕС ПОЧНУВААТ 55. РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Најново од Култура