ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР СО ДВЕ НАГРАДИ НА ФЕСТИВАЛОТ „РУСКА КЛАСИКА“ ВО МОСКВА
ве награди за Велешкиот театар кој на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва настапи со комедијата „Вдовицата се мажи“ во режија на Младен Крстевски …
Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ доби награда за најдобра странска претстава и награда за најдобар ансамбл за актерите Марина Поп Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски. „Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон П. Чехов напишана во 1888 година.
Претставата е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова.