ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ИМ ДАВА 60.000 ФУНТИ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ ПОЧИНАЛЕ ОД КОРОНАВИРУС

/

На семејствата на британските здравствени работници кои починале во борбата против пандемијата „ковид-19“ ќе им бидат исплатени 60 000 фунти или 66 000 евра во рамките на новата програма за животно осигурување, објави британскиот министер за здравство Мет Ханкок.

Обединетото Кралство е меѓу државите со најголем број смртни случаи од „Ковид-19“, 21.092 заболени починале во болниците, а допрва треба да се придодадат и илјадниците починати во старски домови.

Познато е дека меѓу починатите се 98 медицински работници и помошен медицински персонал, рече Хенкок.

„Владата воспоставува програма за животно осигурување за вработените во Националната здравствена служба (NHS) и нивните колеги во социјалната заштита кои се директно вклучени во борбата против пандемијата“, рече Хенкок.

„Семејствата на лицата кои ќе починат вршејќи ја својата работа од клучно значење ќе добијат 60 000 фунти.

Програмата е наменета за семејствата на оние што ќе починат од коронавирус работејќи на спасување на животите на заболените, и вклучува негувателки, негуватели, чистачки и друг помошен персонал.



Ова се однесува само на персоналот во Англија, но здравствените власти во Шкотска, Северна Ирска и Велс ќе добијат финансирање од централната власт за слични програми.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ВРВОТ НА МВР ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ КАЈ ВЕЈЦЕ

Следна статија

ФИЛИПЧЕ ИМ ОДДАВА ЧЕСТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ СЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА СИТЕ НАС И СЕ БОРАТ ЗА СЕКОЈ ЖИВОТ

Најново од Вести