Велјановски: Дали градинката каде што падна кровот е реконструирана од фирма миленик на ДУИ?

/

Дали градинката „Мајски цвет“ каде што падна кровот е реконструирана од фирма миленик на ДУИ и дали тендери добивала и фирмата која доби тендер за машини за перење во Ѓорче Петров?, праша Роберт Велјановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.

Тој рече дека пред само малку повеќе од година и пол целиот врв на Социјалдемократскиот сојуз направил најмалку 5 настани поврзани со Детската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе.

„За сликање се наредија тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот градоначалник Стефан Богоев, па потоа Богоев и тогашниот министер Мила Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и министерот Јагода Шахпаска, итн. Сите настани беа поткрепени со прес-конференции и воспевања како и колку СДСМ квалитетно гради и колку многу се грижи за децата од предучилишна возраст.

Тврдеа дека несигурната монтажна барака на Детската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 ќе прерасне во супер сигурен објект за престој на децата во супер сигурна тврда градба.

Исплатија милиони денари, пари на граѓаните на Карпош, и го постигнаа следниот резултат – плафонот во неколку простории на градинката, по неполна година и пол, се урна!

Среќа во целата несреќа е што „во целосно новиот објект” оваа немила случка се случи за време на викенд, кога ниту едно дете не престојува во градинката.

За несреќата во модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, за рушењето на таванот на градинката, веројатно, ќе го обвинат олукот.

СДСМ никогаш нема да бара виновници онаму каде што се во прашање и каде што се засегнати нивните бизнис-интереси. За нив, јавниот интерес и безбедноста на граѓаните се апсолутно неважни.

Оттука, поставуваме неколку прашања:



1. Ќе преземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката?

2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра?

3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на Општина Карпош?!

4. Вредат ли профитот и бизнис-релациите на СДСМ и ДУИ повеќе од безбедноста на најмладите жители на општина Карпош?!“, рече Велјановски.

Извор: Темите



Претходна статија

Арсовски: Талат Џафери да ја стави на дневен ред интерпелацијата и да не се крие и бега

Следна статија

Малолетник со тешки повреди пренесен во болница по пад од велосипед

Најново од Вести