Велосипедист тешко повреден по удар од автомобил во Скопје, возачот избегал
Вчера во 09.30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Самоилова“ и сервисна улица што ги поврзува ул.„Самоилова“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, патничко возило „цитроен Ц5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрило во велосипед, управуван од Т.Т.(74) од Скопје и го напуштило местото на незгодата, соопштија од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Извор: sitel.com.mk