ВЕСНИКОТ „НОВА МАКЕДОНИЈА“ И ПОРАНО ШИРЕЛ ЛАЖНИ ВЕСТИ ВО ОДНОС НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ
Вчера бугарската информативна агенција БГНЕС објави материјал во којшто го обвинува дневниот весник „Нова Македонија“ за ширење на лажни вести, заради материјал посветен на „Речникот од четири јазика“ на Даниил Москополец, а насловен „Македонскиот јазик во книга од 1802 година“ .
Како реакција на овој материјал, БГНЕС објави напис во којшто со факти ја покажува и докажува тенденциозноста и извртувањето на историските факти. Написот насловен „Нова Македонија шири лажни вести“ беше пренесен и на нашиот портал. Погледнете овде.
Потсетуваме дека не за прв пат на страниците на првиот дневен весник се појавуваат тенденциозни текстови со отворени обиди за извртување на историски факти од македонската историја.
За таков случај пишува бугарскиот интелектуалец и издавач на месечникот „Бугарија-Македонија“ Иван Николов. Во материјал објавен од БГНЕС на 5 јануари 2021 г. и насловен: „Односите Софија-Скопје- каде е проблемот“ .
Николов забележува дека во напис објавен во „Нова Македонија“ на 10 декември 2020 г. со наслов „Како Бугариja ja саботираше комисиjата за историja и го подготвуваше ветото“, е изваден од контекст дел од „Автобиографијата“ на Григор Прличев.
Николов ја дава цитираната реченица “Во дуканот на Ангел Групчев…се научив на бугарско читање и jазик …“, којашто е претставена како доказ дека Прличев не бил Бугарин и не го познавал бугарскиот јазик.
Тоа се разбира не одговара на вистината и како доказ за тоа Николов цитира други делови од истата „Автобиографија“:
„… На почетокот на ноември 1868 година се вратив од Цариград и веднаш го воведов бугарскиот јазик во црквите и училиштата… “,„… Мили Боже! Ми се чини дека ова е нашиот бугарски јазик… “,” .. Остави го бугарскиот јазик – рече кајмакамот – и веднаш ќе те ослободам.
-Подобра смрт…“.
Нашиот скромен портал им посакува здравје и инспирација на колегите од „Нова Македонија“ и ги повикуваме да продолжат да стојат така гордо на „браникот на Татковината“, но се разбира со вистинити и целосни цитати на нашите преродбеници, а не со извадени од контекст реченици со една единствена цел-заблуда на читателите.


