|

ВЕТЕРИНАРИТЕ ЌЕ ОДАТ ОД ФАРМА НА ФАРМА ЗА ДА ЈА СПРЕЧАТ АФРИКАНСКАТА ЧУМА

Агенцијата за храна и ветеринарство ги засилува превентивните мерки во пресрет на затоплувањето кога е зголемен ризикот од пренесување на вирусот африканска свинска чума.

Ветеринари ќе одат од фарма на фарма за да им укажуваат на оние кои чуваат по некоја свиња како да се заштитат од африканската свинска чума – болест за која нема лек, не е опасна за човекот но онаму каде ќе се појави во радиус од три километри сите грла се уништуваат.

Африканската свинска чума ја има во Бугарија, Србија и Грција. Ветеринарните власти се подготвени за брза реакција во случај болеста да се појави и кај нас. Се планира поделба по региони во случај да се појави да не страдаат сите фарми во земјава туку само одреден регион.



Слични Објави