(Видео) Бисера и Лидија со највредната награда од конкурсот за авторска песна од Македонија Пирин фолк 2024 гр. Сандански
Младите и талентирани бугарски пеjaчки Бисера и Лидија продолжуваат да редат успеси. Овој пат тие ја понесоа највредната награда на една од најзначајните фолклорни манифестации во Бугарија „Пирин фолк“ 2024 г, јавува Балканец. На фестивалот на авторска песна од Македонија, Бисера и Лидија ја добија најслатката награда за учесниците, а имено наградата на публиката.
Дуото од Драговиштица ја освои довербата и симпатиите на фановите со песната „Убава Билјана“ со музика и аранжман на Иван Јосифов и текст на Христина Димова.


