(ВИДЕО) ЧУВАР ПРОБОДЕЛ 37 ДЕЦА И ТРОЈЦА ВОЗРАСНИ ВО ГРАДИНКА ВО КИНА

//

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми.

АП наведува дека нападот се случил во градинка, додека „Дојче веле“ известува дека нападот се случил во основно училиште на југот на Кина.

Според локалната власт на округот Кангву во регионот Гунагси, 37 деца и двајца возрасни се здобиле со повреди од различен степен.

Кинеските државни медиуми го идентификуваа напаѓачот како чувар на училиште или градинка, чие презиме е Ли, пренесува АП.

Мотивот за нападот сè уште не е познат, а осомничениот е приведен додека трае истрагата, додаваат медиумите.

Кинеската телевизија ЧТВ наведува дека во нападот се повредени 40 лица, од кои тројца биле сериозно повредени, меѓу кои директорот на училиштето, уште еден чувар и ученик.

Претходна статија

УАПСЕН ПРОВАЛНИК ОД ГЕВГЕЛИЈА ОСОМНИЧЕН ЗА 12 КРАЖБИ

Следна статија

ДИЛЕР ОД НАСЕЛБА ИЛИНДЕН ОБВИНЕТ ЗА ПРОДАЖБА НА АМФЕТАМИН И МАРИХУАНА

Најново од Вести