(Видео) Експлозија во пиротехничка фирма во Словенија, има загинати
Експлозија се случи во фирмата за продажба на пиротехника „Хамекс“ во Врхник, Словенија, при што едно лице загина, а двајца тешко се повредени.
Како што јави „Н1 Словенија“, експлозијата се почувствувала во поширока област на градот. На местото на несреќата се испратени повеќе екипи на брзата помош.
Eksplozija Vrhnika? A kdo ve kaj o tem? pic.twitter.com/GGQFzobUt2
— Gregor Živec (@zivecgregor) February 17, 2023
Полицијата го обезбеди местото, а пожарникарите го гаснат пожарот.
Пожарникарите за „Н1“ потврдија дека имало пожар во споменатата компанија и оти пожарот е веќе локализиран.
Жителите на Врхник велат дека слушнале три експлозии.
Компанијата е основана 1991 година и им ги продава своите производи на клиенти во Словенија, Хрватска и во Босна и Херцеговина.