|

(Видео) Густ чад низ Грција: за четири дена 300 пожари, изгореа 400.000 хектари земја

Грчките пожарникари веќе петти ден се борат да ги сопрат пожарите во Еврос, Александрополис и во шумата Дадија.

Како што јави Екатимерини, пожарите се уште беснеат во другите региони на земјата, а главните фронтови каде пожарникарите се борат со пламените јазици се во Евија, Самотраки, Макракоми и Родопи на истокот од земјата. Во градот Менида од три домови за стари лица превентивно се евакуирани 150 лица.

„Огнот проголтува се пред себе. Ситуацијата не е под контрола, се слушаат и експлозии. Сè укажува на тоа дека некој го наместил ова, но истрагата ќе ги утврди сите детали. Сите сили се на терен“, изјави заменик-градоначалникот на Филис во Грција, кој од вчера се бори со страшни пожари.

На социјалните мрежи граѓаните објавуваат фотографии од Атина каде небото е речиси црно од густ чад.

Во Грција од саботата до вторникот изгореа 300 пожари, при што изгореа повеќе од 400.000 хектари земја.

Вчера 18 јагленосани тела беа пронајдени во шумата кај Дадија. Станува збор за мигранти.

Слични Објави