(ВИДЕО) ИЛИЈА ТРАХАНАРОВ- ОСУДЕН НА СМРТ ЗА ШПИОНАЖА, БИДЕЈЌИ ОДБИЛ ДА СЕ ПОПИШЕ КАКО МАКЕДОНЕЦ

//

Денес ако се пишеш Бугарин ризикуваш најмногу да те екстрадираат во некоја побогата земја. А само пред 50 години за такво нешто дури и во родната Бугарија ќе те осудат на смрт.

Тоа го докажува биографијата на Илија Траханаров, обичен Бугарин од Неврокоп, денеска Гоце Делчев. Тој е осуден на смрт, но успева да се спаси и поминува 13 години во бугарските комунистички логори и затвори само заради тоа што упорно тврдел дека е Бугарин.

„Роден сум во 1926 година и сум човек со темно минато, како што велеа комунистите за луѓе како мене. Трагедијата на нашата фамилија почнува уште во Балканската војна во 1912 година. Мајка ми и татко ми беа бегалци од Егејска Македонија, Бугари од Македонија“, раскажува Траханаров.

„Татко ми како Бугарин бил затворен од грчката власт на островот Крит. Успеал да избега од таму со брод. Се вратил во селото во коешто живеел, ги земал мајка ми и брат ми, кој тогаш била само на неколку месеци и избегал во Бугарија. По Втората светска војна за пиринскиот дел имаше спогодба меѓу Георги Димитров и Тито, којашто требаше да го реши македонското прашање. Тајниот споразум се спроведуваше од двете влади. Пиринскиот дел требало да помине кај Југославија, а како компензација Бугарија да ги добие назад Западните покраини. Веќе имаше Македонска република во склоп на Југославија. Од таму ни испратија учители, кои да ни предаваат „македонски“ јазик“ започнаа и притисоците да се попишеме како Македонци“, објаснува Траханаров.

„Во 1946 г. уште бев матурант, кога за прв пат ме испратија во логор- „Росица“ севлиевско. Се градеше каналот на браната. Бевме четворица матуранти, а како причина за нашето затворање беше тоа што ние одбивавме да се наречеме Македонци. Ние бевме Бугари, ама Коминтерната мислеше поинаку“, вели Траханаров.

„Бевме четворица, почнавме да издаваме весник, во којшто пишувавме дека сме Бугари, а не Македонци. Слоганот на весникот беше: „Не го сакаме минатото, гледаме со презир на сегашноста, се бориме за иднината“. Една вечер не уапсија, некаков наш комшија не издал“, раскажува Траханаров.

„Во моето досие нема ниту суд ниту пресуда, пишува само дека како хулиган сум испратен во ТВО (логор), не можат да напишат дека сме испратени во логор затоа што сме Бугари, затоа пишале хулигани“, вели Траханаров.

Понатаму во материјалот објавен од 168 часа, Траханаров раскажува за тешките услови во логорот. Сите имале огромни норми за сработена работа, коишто морале да бидат покриени. Тој што не успевал да го направи тоа, за казна бил оставан на сонце со камен на рамото. Многу луѓе умирале од замор или од претепување.

Траханаров се враќа дома, но неколку месеци по неговото ослободување е обвинет за шпионски активности во интерес на САД и е осуден на смрт. Бил само на 22 г.



Една година бил во затворот во Сливен во ќелија за смртници. Успева да се спаси од стрелачкиот вод сосема случајно. Жената на еден од осудените во неговото дело се согласила да стане соработник на комунистичката Државна сигурност, пресудата на нејзиниот сопруг била изменета на доживотен затвор без право на замена и истата пресуда важела и за сите останати осуденици од групата. Подоцна и таа пресуда била изменета на 20 г. затвор.

Додека е во затвор, семејството на Траханаров е подложено на репресии. Неговите мајка, сестра и снаа се иселени се во селото Рибарица. Неговиот постар брат веќе бил избеган во Грција откако во 1946 г. бил затворен во логорот „Куцијан“, но по некакво чудо успеал да избега.

Траханаров поминува 13 години во комунистичките затвори, од кои дури 4 години во озогласениот логор „Белене“.

„Ако се прашувате како издржав толку години? Одговорот е едноставен- со волја и карактер, а карактерот се гради од навиката. Мене не ми е потребна власт, потребна ми е демократија. Не ми требаат непријатели, туку ми требаат опоненти, кои да ме убедуваат во исправноста на нивните каузи. Живеам според тој принцип и не одам по патот на омразата. Многу е важно да се зборува за нашата историја за да знаат младите, млад човек којшто не го познава своето минато, нема сегашност и иднина“, вели стариот Илија Траханаров.

Претходна статија

САД: НЕОСНОВАНИТЕ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА ПРОМЕНА НА ГРАНИЦИТЕ НА БАЛКАНОТ МОЖАТ ДА ПОТТИКНАТ НЕСТАБИЛНОСТ

Следна статија

ВМРО СО ПРОТЕСТ ПРЕД БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЗАРАДИ ИЗМЕНИТЕ ВО ИЗБОРНИОТ КОДЕКС

Најново од Вести