|

(ВИДЕО) КАКОВ ЕФЕКТ ИМААТ МАСКИТЕ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ?

Германски физичари направија видео за да покажат каков е ефектот од носењето на заштитни маски во време на пандемија на коронавирус.

Борбата против коронавирусот е глобална. Но упатствата за тоа дали треба да носите маска за лице како дел од таа борба се сосема различни од држава во држава.

Еве за што скоро секој експерт се согласува- ако имате Ковид-19 и ја напуштите куќата, треба да носите маска. Маските помагаат да спречат болните луѓе да шират бактерии. Поголемиот дел од неизвесноста околу употребата на маска е поврзано со едно прашање: дали здравите луѓе, исто така, треба да носат маски за да се заштитат од инфекција.

Вистината е дека ниту една маска не може да гарантира дека нема да се разболите.

Експертите велат дека една од најопасните претпоставки за маските за лице е дека тие ве прават непобедливи.

Маските треба да се користат правилно за да понудат заштита и тие се најефикасни доколку се користат заедно со други превентивни мерки како миење на рацете и социјално растојание.

Една од најопасните карактеристики на Ковид-19 е следна – поради долгиот период на инкубација на болеста и големиот број на заразени луѓе кои не чувствуваат симптоми скоро е невозможно да бидете потполно сигурни дека го немате вирусот.

И тоа значи дека најбезбедно е на крајот сите да се однесуваат како болна личност, со други зборови – да се носи маска.

Извор: Макфакс

Слични Објави