(Видео) Ковачки: Имаме информации за план на власта за полнење на кутии во Битола и Сарај

/

Власта е во паника, исто како и во првиот круг кога катастрофално изгуби, така и за вториот круг има ангажирано лица за поткуп на гласачите, обвини денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече тој, СДСМ сака да го ублажи поразот и затоа ангажира луѓе со криминално минато и функционери на државни позиции да делат поткуп, вршат притисоци и да се закануваат на граѓаните.

„Имаме информации за сериозно разработен план за полнење на кутии во населени места во Сарај и населени места во Битола. За Битола главен одговорен за поткуп, притисоци, закани и полнење на кутии е Васко К., за кој се сомневаме дека е директор на една голема државна фирма, директно подредени му се: Зоран П., Илче П., Даниел Џ., Сашо Н., Горан Ш., Петар П., Ујар К., Шевѓул М., Вангел Б., Александар Н., дел од овие лица се вработени и во МВР и класично ја злоупотребуваат службената положба и овластување. За сите нив ќе следи одговорност“, посочи Ковачевски.

Тој рече дека и на територија на град Скопје се врши поткуп од неколку групи.



„Групата од Бутел за поткуп е предводена од Коста Н., кој најверојатно е директор на едно скопско јавно претпријатие, Владимир Н., Едмонд В., Сенад С., Марин Б., Ханза В., Горан Ж. Групата од Ѓорче Петров е составена од Сенат В., Мартин Т., Нешо К. Во Карпош групата е водена од Душко В., актуелен директор на јавно претпријатие и Јон Ф., висок функционер во друго државно претпријатие“, нагласи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во продолжение на прес-конференцијата посочи за вакви групи организирани и во други градови од државата.

„Во Кочани групата е водена од поранешни затвореници Столе Т., Александар С., Михаил П., Перо Г., за кој се сомневаме дека е полициски службеник. Сопругата на едно од осудуваните лица е и советник во Советот на Општина Кочани. Во Гевгелија групата за поткуп, притисоци и закани е предводена од лице за кое се сомневаме дека работи во правосудните инстанци Јован Д., а со него работат и Владо Ј. и Ѓорѓе Т“, обвини Ковачки додавајќи дека по прес-конференцијата, неговата партија ќе поднесе и кривична пријава против злосторничка група составена од луѓе од МВР во Прилеп, за која веќе објавивија и вибер комуникација за правење на сериозен криминал во изборниот процес.

Претходна статија

(Видео) Шилегов: Додека некој правеше фасади од стиропор ние реконструираме средни училишта

Следна статија

Арсовска со порака до гласачите: И мене како вас ми е преку глава од празни ветувања и лаги

Најново од Вести