ВИДЕО: НОВ ДОКАЗ ДЕКА МНОГУ СИ ЛИЧИМЕ СО… БУГАРИТЕ
Пред две недели директорката на НАП (УЈП) во Бугарија Галја Димитрова пред камерата на БТВ објасни зошто и покрај хакерскиот напад врз институцијата со која раководи, не го прекинала својот годишен одмор. Голем број лични податоци на даночни обврзници беа украдени преку хакерскиот напад, одговорот на директорката Димитрова, зошто не се вратила веднаш од одмор, предизвика бура од реакции во бугарската јавност. Погледнете го образложението на шефицата на НАП во видеото што следи:
Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, исто така не го прекина својот одмор и покрај фактот што Македонија ја потресе солиден по својата големина скандал. Таа се враќа на работа оваа среда.
Какво ќе биде образложението на Русковска, ако новинарите ја прашаат, зошто таа не го прекина својот одмор, по избувнувањето на скандалот со аудио и видео снимките поврзани со случајот „Рекет“, останува да видиме.