(ВИДЕО) ПРЕЧЕКОТ НА БУГАРСКИТЕ ВОЈСКИ ВО ОХРИД ВО 1941 Г.

//

Бугарскиот новинар Иво Иванов, во емисијата „Време е за Македонија“, којашто е заеднички проект Македонскиот научен институт во Софија и телевизијата „Бугарија 24“, заедно со водителот Коста Филипов разговараа за периодот пред 80 г. кога бугарската војска влегува на територијата на Вардарска Македонија, тогаш Јужна Бановина во склоп на Кралство Југославија.

„Самото влегување на бугарските војски во Македонија, е документирано највеќе преку фотографии, Во склоп на армиските трупи имало фотографи. Од овие настани има пред се фотографии, но и тие не се во голем број. Истите се пазат во Воениот историски музеј, највеќе во Воениот архив, мислам дека такви фотографии има и во Државниот архив“, вели Иванов во емисијата „Време е за Македонија“.

Во истата емисија се прикажани ексклузивни видео кадри снимени од германската кинохроника, од пречекот на бугарската војска во Охрид. На истите видео материјали освен знамињата на нацистичка Германија како окупатор на Кралството Југославија, се гледа радоста кај народот и неговото воодушевување од доаѓањето на бугарските воени трупи.

Видеоматериалот за Охрид започнува од 8:19 минута:

Понатаму во емисијата г-н Иванов објаснува што се случувало за време на седницата на бугарскиот парламент кога тогашниот бугарски премиер Богдан Филов ја соопштува веста за влезот на бугарската 5 армија на територијата на Вардарска Македонија.

На истата седница не бил присутен царот Борис III, а г-нот Иванов има интересно толкување за потегот на бугарскиот монарх.



Претходна статија

ЗАЕВ: ПРОДОЛЖУВАМЕ АКТИВНО ДА РАБОТИМЕ НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, СО ЦЕЛ ГРАЃАНИТЕ ДА ЖИВЕАТ ЗДРАВО ВО ЧИСТА ЖИВОТНА ОКОЛИНА

Следна статија

(ВИДЕО) „КОРИДОР 8“: БАЛКАНОТ И КИНА

Најново од Вести