(ВИДЕО) САМОХРАНА МАЈКА УТРИНАВА ГО ЗАГУБИ ЖИВОТОТ КАЈ С. КАДРИФАКОВО
43- годишната самохрана мајка С.С. од светиниколското село Кадрифаково, денес го загуби животот на само стотина метри од нејзниот дом. Трагедијата се случила кога С.С. враќајки се од работа, а во обид да го премине патот, била прегазена од возило што се движело од спротивниот правец. Како последица од ударот, жената починала на лице место. Увид во местото на несреќта изврши екипа на светиникоската полиција и дежурен обвинител од ОЈО на Свети Николе. Истрагата за трагедијата е во тек.
Извор: Тв Стар