|

(Видео) Силна експлозија во Париз, најмалку 16 повредени: „Мислев дека е атентат“

Неколку лица се повредени во експлозија во центарот на Париз, соопшти градоначалникот на француската престолнина.

Експлозијата се случи во улицата Сен Жак во француската престолнина.

#Explosion in #Paris. Shook my entire apartment. I hope all inside are okay, police and fireman showed up soon afterwards. Media has my permission to use if desired. pic.twitter.com/DD2Mhl9Zzf

— Sean Roberts (@SeanTweetsAlot) June 21, 2023

Фасадата на една зграда паднала на улица, а неколку згради се запалиле, јавува Би-би-си. На терен се бројни полициски сили и пожарникари.

„Гардијан“ јавува дека дошло до експлозија на гас. Полицијата им порача на граѓаните да го избегнуваат теренот бидејќи пожарот се проширил и на соседните згради.

Главниот штаб на париската полиција во 18:05 соопшти дека има најмалку 16 повредени, пренесува „Le Parisien“. Седум од нив се во критична состојба.

„Слушнавме огромна експлозија која траеше многу долго, што ја почувствувавме речиси како на филм. Се погледнавме, се спуштивме по скалите во тишина и излеговме надвор, видовме урнатини насекаде и останавме во дворот на зградата пред да бидеме евакуирани во Вал-де-Грејс. Мислев дека тоа е атентат“, изјави за „Le Parisien“ очевидец, жител на Париз.



Слични Објави