|

(Видео) Спасени три лица во Сирија по 110 часа, „Господ е голем“, извикуваа луѓето

Три лица се спасени откако 110 часа беа заробени во урнатините на зграда во Сирија.

Телевизиските снимки во крајбрежниот град Џабле покажуваат како сириски и либански спасувачки тимови извлекуваат две лица од урнатините на зградата.

„Господ е голем“, извикувале луѓето кои го следеле спасувањето на преживеаните, меѓу кои се вели дека има жена и нејзиното дете.

Бројот на загинати во земјотресот се искачи на најмалку 23.700. Во Сирија загинаа повеќе од 3.500 луѓе, додека во Турција бројот на загинати надмина 20.200.

Слични Објави