pura ulun danu bratan temple in Bali, indonesia.

(ВИДЕО) УБАВИНИТЕ НА ИНДОНЕЗИСКИОТ ОСТРОВ БАЛИ

/

Индонезија или официјално Република Индонезија е голема земја во Азија, чиј главен град е Џакарта. Индонезија е составена од мноштво на мали и големи острови, од кои најголемите се Јава, Суматра, Сулавеси (Celebes), Борнео (Калимантан) и Нова Гвинеја (западен дел). Според населението (238 милиони), Индонезија е четвртата по големина земја во светот.

Бали е индонезискиот остров кој се наоѓа помеѓу островите Јава на запад и Ломбок на исток. На островот, мнозинството од жителите се Индонезиски Хиндуисти кои се малцинство во земјата. Бали денес е популарна туристичка дестинација и е богат со ориз, кокосови дрвја, кафе, памук и тутун, и ова е нешто што најмногу се извезува. Живописните бои на Бали, неверојатно пријателски и гостопримливото население, храна која е силна и со необичен вкус и тиркизно-сините води на Индискиот Океан, што е локализирано на ова мало парче од рај на земјата,сигурно ќе го задоволи Вашиот вкус.

Бали воедно е најмалата покраина во Индонезија. Овој остров се протега на површина од 5. 780 06 км2, со околу 5,6 милјони жители. Просечната годишна температура изнесува 31 °C . Од октомври до април трае влажната сезона, а од декември до март можно е да има монсунски дождови, сувата сезона трае од мај до септември. Просечната температура на водата е околу 28 °C. Бали содржи автентичност која го разликува од остатокот од Индонезија и преставува прекрасна дестинација за незаборавно уживање и одмор.



Претходна статија

BRASS BROTHERS СО НИВНАТА НОВА COVER ВЕРЗИЈА НА WAITING ALL NIGHT – RUDIMENTAL

Следна статија

ЗОШТО РОДЕНИТЕ ВО ОКТОМВРИ СЕ ТОЛКУ ПОСЕБНИ?

Најново од Магазин