(ВИДЕО) УБИЛ ДВЕ А РАНИЛ ПЕТ ЛИЦА ВО КАНАДА

Полицијата во Квебек синоќа уапси помлад човек, осомничен за убиство на две и ранување на пет лица во случаен напад со нож недалеку од зградата на локалниот парламент.

loading...

Претходно, полицијата објави дека го бара напаѓачот облечен во средновековен костим, вооружен со смртоносно сечило.

АП објави дека осомничениот е помлад маж на 20-годишна возраст, дека убил две лица во случајни напади со сечило и ранил пет лица кои биле пренесени во болница и дека неговите мотиви засега не се познати.


loading...

Полицијата апелираше до нивните сограѓани да не излегуваат непотребно на улица.