(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ БАРА НОВА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ОД ПЕНДАРОВСКИ

Бројките покажуваат дека државава не излегува од корона кризата туку дека таа се продлабочува и нова вонредна состојба мора да има.
Поради негрижата на Владата на Заев и Спасовски до сега имаме:
⁃ 169 починати,
⁃ 3538 заразени,
⁃ повеќе од 15 илјади граѓани кои се ново невработени и ги загубија работните места,
⁃ сеуште непознат број на новозаразени.
А, Заев и Владата вонредното го прават редовно, ненормалното го прават нормално. Затоа претседателе Пендаровски единственото што ви преостанува поради доброто на граѓаните, поради вашата уставна обврска да и служите на Македонија и поради вашата одговорност да ги заштитите граѓаните мора да ја продолжите вонредната состојба. Издигнете се над притисоците од Заев кој во ужасот низ кој поминува народот го гледа само својот спас од одговорност и жилаво и нервозно се бори за тесен пораз газејќи над илјадници судбини. Немате обврска да му служите на Заев, но имате обврска, уставна и морална да го заштитите здравјето на граѓаните. Продолжете ја вонредната состојба, бидејќи кариерата на Заев завршува, но да спасиме да згаснуваат животи на недолжни граѓани, изјави на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

loading...


loading...