(Видео) Војник во ров „ладен како шприцер“, гранати летаат околу него и одекнуваат истрели
Во екот на битката за Бахмут, светот го обиколи видео од украински војник кој, иако под силен непријателски оган, мирно продолжува со својата работа.
Според новинарските извештаи, не се знае кога и каде точно е снимено видеото, но најверојатно е снимено со дрон.
Our hero under heavy fire one on one with an APC
Books should be written about these people, and they are just silently defending our country #Ukraine !!!! pic.twitter.com/rnXeoqn0J3
— Bakhmut Fortress | Slava Ukraini (@Heroiam_Slava) March 1, 2023
На него се гледа руско оклопно возило БТР-82А на отворено поле како напаѓа ров каде што се крие војник.
Се слушаат истрели од топови и митралези, регистрирани се најмалку три експлозии, но Украинецот во својот ров успева да остане „ладен како шприцер“.
Се движи мирно и замислено, невознемирен од гранатите кои паѓаат околу него. Во еден момент на неговото тело се забележува црвена ласерска трага, но војникот и тоа го игнорира.
„Нашиот херој под силен оган, еден на еден со оклопен транспортер! За овие луѓе, кои немо ја бранат нашата земја, треба да се пишуваат книги! Слава на Украина!“, објавено е на Твитер, а пренесува „Јутарњи лист“.