ВИДЕТЕ КОИ СЕ ЗЕМЈИТЕ ВО КОИ НЕМА КОРОНАВИРУС

/

До 12 јануари, пред нешто помалку од три месеци, инфекцијата со коронавирус ја имаше само во Кина. И тогаш, на 13 јануари, вирусот стана глобален проблем. Првиот случај беше пријавен во Тајланд, по што следеа Јапонија, Јужна Кореја и САД, пренесува Канал 5.

Наскоро, чудовиштето „Ковид-19“ се рашири низ Европа и зафати делови од Африка, предизвикувајќи пандемија. Повеќе од еден милион случаи на Ковид-19 се пријавени до денес ширум светот и скоро 60.000 луѓе починале, пренесува Би-Би-Си.

Многумина се прашуваа дали сè уште има место без случаи на коронавирус на планетата бидејќи бројот на инфекции драматично се зголемува. Одговорот е – да.

Меѓу 193-те членки на Обединетите нации, до 2 април 18 земји не пријавиле случај на Ковид-19: Комори, Кирибати, Лесото, Маршалските Острови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сент Томас и Принципе, Соломонски острови; Јужен Судан; Таџикистан; Тонга; Туркменистан; Тувалу; Вануату и Јемен.



Некои експерти веруваат дека во некои од овие земји имало случаи на новата инфекција со коронавирус, но не се пријавени. На пример, Северна Кореја официјално нема случаи, како што е и уништениот од војни, Јемен.

Сепак, шансите се дека вирусот сè уште не успеал да ги достигне помалите оддалечени острови.



Претходна статија

ШЕФОТ НА КРИЗНИОТ ШТАБ ВО БУГАРИЈА: НЕ ОДЕТЕ НИКАДЕ ЗА ВЕЛИГДЕН И ЦВЕТНИЦИ

Следна статија

СЗО АЛАРМИРА: КОРОНАВИРУСОТ СТАНУВА СЕ ПООПАСЕН И ЗА МЛАДИТЕ

Најново од Вести