| |

„ВИДОВ ЛУЃЕ СО КРВ ПО ГЛАВИТЕ И РАЦЕТЕ“-СВЕДОШТВА НА ПРЕЖИВЕАНИТЕ ОД НЕСРЕЌАТА ВО СРБИЈА

„Спиев кога ме разбуди врискање и повици за помош. Видов луѓе со крв на главите и на рацете. Сите бевме преплашени, а уште повеќе се вознемирив кога слушав како некој извикува дека има починати. Набрзо во автобусот влегоа лекари од Брза помош. Веднаш почнаа да ни помагаат, а не знаеја на кого прво да му пријдат. После нив дојдоа пожарникари, ги извлекуваа патниците еден по еден, раскажува патник што ја преживеал несреќата со автобусот на струшката фирма Еуробас, за српските медиуми. 

„ Беше морничаво. Автобусот беше свртен на страна, патниците извикуваа од болка и бараа помош, додека скршеници од стакло имаше на сите страни. Четворица луѓе беа заробени во автобсот. Лекарите веднаш потрчаа да им помогнат, за жал, за тројца од нив веќе беше доцна – велат сведоци на несреќата.

Автобус на компанијата „Еуробас“ од Струга се преврте во Србија, при што три лица загинаа. 32 се полесно или потешко повредени откако автобусот излетал од патот. 
Возачот е приведен во полициска станица по сомнение дека е одговорен за трагедијата, но и самиот е тешко повреден.



Слични Објави