|

Вкупно 37 починати и 870 новозаразени со ковид-19

Во изминативе 24 часа се евидентирани 37 починати пациенти како последица од ковид-19, а најмладиот има 22 години. Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 870 случаи на ковид-19 од направени 5.844 тестирања. Најголем број од новозаболените се од Скопје – 368. Во Тетово се регистрирани нови 78, а во Гостивар и Куманово по 53.

Филипче – Единствен начин да им се помогне на децата е возрасните да се вакцинираат
Од починатите, најголем број поточно 10 се од Скопје , осум се од Тетово, а по четири починати лица има во Куманово, од каде е и најмладиот починат пациент. Сите се починати во болнички услови.

Бројот на активни случаи е 14.249.Најголем број на активни случаи има во Скопје вкупно 5523, потоа во Тетово вкупно 1976 активни случаи и во Гостивар каде што бројот на активни случаи достигна 1199. Само во Дојран има еден евидентиран активен случај на заболен со ковид-19.

Јавно здравство – јавно (не)задоволство
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава досега изнесува 176.494. Оздравени се 156.307 пациенти, а како последица од вирусот починале 5.938.

Слични Објави