| |

ВЛАДАТА ПРОДОЛЖУВА ДА ИМ ПОМАГА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ДА ЈА ПОДДРЖАТ СПИРАЛАТА НА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

Владата на Република Македонија целосно ја разбира сензитивноста во текстилниот кластер и, како и до сега, ќе продолжи  да им помага на работодавачите да ја поддржат спиралата на покачувањето на платите.

Во интерес на изнаоѓање решение кое ќе биде во корист на работниците и на работодавачите, Владата ќе оформи министерска група која заедно со текстилниот кластер ќе ги разгледа отворените прашања. Веруваме дека ќе дојдеме до решенија.

Владата и до сега покажа дека е подготвена да излегува во пресрет на барањата на работниците и работодавците во текстилната индустрија, преку покачувањето на минималната плата и преку овозможувањето на активните мерки за директна помош и поддршка за компаниите, со цел да се обезбедат повисоки плати. Една од тие мерки е и проектот за поддршка на порастот на платите во трудоинтензивните дејности, во износ од 30% од порастот за оние работодавачи кои ги покачиле платите до 18.000 денари.

Слични Објави