| |

ВЛАДАТА СЕ ПЛАШИ ДА ГО ОТВОРИ ПРАШАЊЕТО ЗА БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

Бугарските политичари и медиуми веќе почнаа да ги отвораат прашањата за тоа зошто и 100-те илјади „македонски Бугари“ кои имаат бугарска патна исправа не се во Уставот, зошто и бугарскиот јазик не се изучува во македонското основно образование, дека во пописните документи мора да има и графа „Бугари“… Веќе се основа и политичка партија која ги брани сите овие позиции. Ова е сѐ дел на една подолгорочна бугарска политика која во актуелните преговори на Македонија за членство во ЕУ едноставно почна да излегува на површина. А македонската власт за сето ова молчи за дополнително да не долева оган во ионака затегнатите односи со Бугарија токму поради нивната блокада на преговорите на Македонија за членство со ЕУ.

Културниот центар „Иван Михаилов“ од Битола неодамна испрати барање до бугарскиот претседател Румен Радев, до бугарскиот премиер Бојко Борисов и до вицепремиерите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов секој граѓанин на Македонија, кој ќе приложи фотокопија од формуларот и кој ќе докаже дека на претстојниот попис се декларирал како „македонски Бугарин“, да добие бугарско државјанство по скратена постапка.

Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: МКД.мк



Слични Објави