ВМА во Софија ќе собере водечки светски експерти во ендоурологијата и минимално инвазивната хирургија
На 24 и 25 април 2026 година, Военномедицинската академија (ВМА) во Софиja ќе биде домаќин на 16. Меѓународен симпозиум „Ендоурологија и минимално инвазивна хирургија“ (MEMIS 2026). Форумот, организиран од Катедрата за урологија и нефрологија под раководство на проф. Илија Салтиров, ќе собере водечки светски експерти во областа на уролошката хирургија, јавува БНР.
Програмата вклучува хирургија во живо со примена на современи ласерски и роботизирани системи, како и презентации за најновите методи во третманот на уролитијаза, бенигна простатна хиперплазија и онколошки заболувања.
На 27 април ќе се одржи и специјализиран HoLEP Master Class со демонстрација на технологијата Moses™ 2.0.
„MEMIS не е само конференција, туку платформа за размена на искуства и знаења во реална средина. Нашата цел е бугарските пациенти да имаат пристап до медицина на светско ниво преку континуирана едукација на нашите специјалисти“, изјави проф. Салтиров.
