ВМРО-ДПМНЕ: 4 недели му требаа на Заев да смисли како да го спаси Филипче и го обвини кабелот за 14 живи изгорени луѓе

/

4 недели му требаа на Заев да смисли како да го спаси Филипче и на крај го обвини кабелот за 14 живи изгорени луѓе. 4 недели Заев молчеше. 4 недели се переа од одговорност. За на крај да утврдат дека никој не е виновен, се посочува во соопштениeто од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дури и да се земе како точна тезата на Заев дека кабелот е причината за пожарот Филипче и Хасани носат одговорност зошто употребиле високо запалив материјал од таканаречени ПУР панели, а не вградиле ПИР панели. Филипче и Хасани со вградување на ПУР панели во болницата и пресудиле уште кога ја поставиле“, велат од оваа партија.

Филипче и Хасани, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, носат одговорност и зошто во тетовската болница не е искористен објектот на два спрата во рамки на болницата кој е од цврста градба и е празен, а се што требало, како што велат од таму е да се опреми со медицинска опрема и да биде спремен за пациенти, таму ниту ќе дошло до краток спој, ниту ќе изгорел објектот како чкорче кибрит.



„Филипче и Хасани се виновни по сите основи, и оставката е најмалку што можат да направат. Исто така очекуваме ЈО да не ги следи во линија тезите на Заев и да преземе активности кон првите луѓе во министерството. Не смее 14 луѓе живи да горат, а за тоа никој да не е виновен. Одговорност мора да има“, реагираат од партијата на Мицкоски.

Извор: temite.mk

Претходна статија

Заев: Не е соодветно цела една нација да биде квалификувана како фашистичка

Следна статија

СДСМ: Нудиме реално остварливи проекти за локален економски развој, нови работни места

Најново од Вести