|

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИТНА ЛИДЕРСКА СРЕДБА ЗА ИМЕТО

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев соопшти дека неговата партија бара одржување на лидерска средба (уште утре) на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во присуство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов би ги соопштиле деталите и насоките по кои се движат разговорите за името. Игор Јанушев соопшти дека поради ваквото барање партискиот лидер Христијан Мицкоски ја прекинува својата работна посета на Италија и средбите со македонската дијаспора.

„Мицкоски е веќе на пат за Македонија. Потребни се одлуки. Бараме итна лидерска средба која би се случила уште во текот на утрешниот ден“, истакна Јанушев.

Тој посочи дека Зоран Заев, иако е премиер, го нема монополот да одлучува за ова најважно прашање, а евентуалниот договор да биде ставање на целата држава пред свршен чин.

Слични Објави