ВМРО-ДПМНЕ: ДВЕ ГОДИНИ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ Е ИЗГРАДЕН НИТУ ЕДЕН МЕТАР НОВ ПАТ

//

Две години во Република Македонија не е изграден ниту еден метар нов пат. Градбата на нова инфраструктура е замрена. Нема проекти, нема инвестиции. Најголем потфат во областа на инфраструктурата на оваа власт беше играње чочек во тунел на автопат изграден од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и СДСМ излажаа кога на изборите во 2016 година ветуваа дека ќе изградат 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта.

Власта не само што не изгради ништо ново, туку и тоа кое што требаше да го пуштат во употреба останато од времето на ВМРО-ДПМНЕ не е пуштено во употреба, па така готовиот автопат Миладиновци – Штип со месеци е вон употреба од причини кои само Зоран Заев ги знае.

Иако капитални инвестиции нема, власта сепак без престан се задолжува. Каде отидоа над половина милијарда евра од нови задолжувања, а притоа ништо не е изградено е прашање на кое Зоран Заев и неговите министри ќе треба да им го одговорат на граѓаните, а и на институциите на систем кога ќе завладее правото во Република Македонија.



Најавуваа градежен бум, а не направија ништо. Владеењето на Зоран Заев ќе остане запаметено како време во кое ништо не е направено, градежните работи на инфраструктурата запреле, инвестиции немало , а граѓаните се повеќе се решавале да ја напуштат државата. Колку побргу владеењето на Заев стане минато, толку подобро за државата и граѓаните, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Претходна статија

НАПРЕД ВАРДАРЕ!

Следна статија

СДСМ: ПОСЛЕ ГОДИНИ СТАГНАЦИЈА ЗА ОВИЕ ДВЕ ГОДИНИ ЕКОНОМИЈАТА РАСТЕ, ОД -1.8 БДП СЕ ЗГОЛЕМИ НА 3,7 ПРОЦЕНТИ

Најново од Вести