|

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара нивната пратеничка која е позитивна на ковид-19 да гласа во четврток во скафандер

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за ТВ21 потврди дека пратеничката од Гевгелија е во изолација поради Ковид 19.

Од ТВ 21 го прашале дали во четврток ќе бараат пратеничката да присуствува и да гласа во скафандер, на што Мицевски одговорил: Секако!

„Секако, имајќи го во предвид Протоколот донесен од Комисијата за заразни болести претходно и праксата на ваквото гласање“, истакна Мицевски за ТВ21

За сега немаме потврден одговор дека пратеник и од Алијанса за Албанците е во изолација поради Ковид 19.

Извор: zoom.mk



Слични Објави