ВМРО-ДПМНЕ: Народот го крена гласот, излезе на улица против Заев и Филипче и фашистичките мерки за корона

/

ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа вчерашните протести против новите мерки против коронавирусот, кои предвидуваат дека во угостителски објекти може да се влегува само со сертификат за вакцинација и најмалку една примена доза вакцина, како и оние кои го прележале вирусот. Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, мерките против коронавирусот се фашистички.

-Народот излезе на улица, ама Филипче и Заев ништо не ги интересира. Ниту следат искуства од светот, ниту размислуваат како да пролагодат на приликите. Народот пак воопшто не го слушаат! Доцнеа со подготовка на здравствениот систем, кој пак се уште не е подготвен ни за 4-тиот бран. Бројките на заболени вртоглаво растат, а има веќе и по 10-тина починати на ден. Од Филипче и Заев одговори не се чекаат! Само да заминат од функциите и да се спаси народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Авганистан по 20 години повторно под власт на талибанците

Следна статија

Филипче се сретна со членовите на Комисијата за заразни болести, еве ги препораките

Најново од Вести