|

ВМРО-ДПМНЕ: Прогонот на десетици невини луѓе, патриоти мора веднаш да запре

„Судот е директен соучесник во континуираното уништување на правната држава. Судот е директен соучесник во креирањето на недемократска атмосфера на страв, во која што Заев ќе може без опозиција да носи закони за двојазичност, да ја задолжува земјата или да ратификува договори со кои се брише историјата и македонскиот јазик.

Доколку судиите имаа интегритет, совест и свест ќе ги ослободеа сите неправедно притворени лица од 27-ми април, но очигледно е дека за нив е најважен политичкиот интерес.

Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски и останатите неправедно обвинети се жртви на политички прогон само заради храброста, истрајноста гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните и антимакедонските политики на власта предводена од Зоран Заев.

Не се почитуваат нивните основни човекови права.

Прогонот на десетици невини луѓе, патриоти кои си ја сакаат својата држава за фабрикувано дело тероризам мора да запре.

Судот е најдиректен и најодговорен учесник во се поголемиот раздор и продлабочување на кризата која е поттикната од катастрофалните политики на секое поле од страна на владата на СДСМ

Судството не смее да биде алатка на политиката!

Судот и правосудните органи ја злоупотребуваат мерката притвор. Тие треба да знаат дека оваа мерка се користи само како крајна цел за обезбедување на осомничените, а не како средство за пресметка со сите оние кои размислуваат различно од СДСМ и Зоран Заев.

Се додека институциите се користат за монтирање и фабрикување на монтирани судски и кривични постапки се со цел за пресметување со неистомислениците нема напредок за Република Македонија и нејзините граѓани“, се вели во соопштението на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ

Слични Објави