| |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ГИ ОМАЛОВАЖУВА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ГУШАТ ОД ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Опасните ПМ 10 честички синоќа во Скопје достигнуваа концентрација над пет пати повисока од дозволената, а Заев, Шилегов и Макрадули единствено што прават е омаловажување и замолкнување на граѓаните и невладините активисти.

Граѓаните се гушат во загадениот воздух, а Заев и Шилегов се уште немаат превземено ниту една мерка со која ќе го намалат аерозагадувањето.  Неспособната власт на СДСМ  не води ни малку грижа за граѓаните и последиците кои ги имаат од отровите кои ги вдишуваат.

Додека Скопје секојдневно се наоѓа на листата на десет најзагадени градови во Светот, градоначалникот Петре Шилегов си игра игрички на мобилен телефон.

Кога беа опозиција ветуваа итни мерки за почист воздух, а откако дојдоа на власт не реализираа ниту еден проект. Решавање на проблемот со загадувањето не им е ниту во агендата. Наместо да се справат со загадувањето, тие трошат милиони за луксузни автомобили, фотелји и лубриканти.

За Заев и Шилегов не е важно здравјето на граѓаните. За нив не е важно што Македонија официјално стана најзагадена земја во Европа и што Светската здравствена организација објави дека во земјава годишно умираат околу 3000 луѓе како директна последица на загадениот воздух.

Неодговорната власт на Заев и СДСМ не води грижа ниту што болниците веќе се преполни со граѓани кои имаат проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи.  До СДСМ не допира тоа што граѓаните секојдневно се соочуваат со сериозни здравствени проблеми, особено хронично болните, децата и постарите.

Доколку СДСМ не спроведува ниту еден проект , ниту има идеја како да се справи со загадениот воздух, треба веднаш да ги прифатат препораките на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ предлага во услови на загаденост над дозволените мерни концентрации, да се овозможи за граѓаните бесплатен градски превоз и повеќе автобуски линии додека трае загадувањето,  со што ќе се овозможи значително  да се намали загадувањето од издувните гасови на автомобилите

Воедно во услови на загаденост, МВР  мора да го пренасочува движењето на товарни возила и градежни машини од централните градски подрачја, мерка која исто така ќе овозможи намалување на нивото на канцерогените ПМ10 честички.

Неодговорноста оваа црна власт нема граници. Министерот Дураку вели не му е гајле за тужбите на граѓаните заради загаденоста, заменик министерот Макрадули  си дреме во Собрание, а градоначалникот Шилегов продолжува со неговата ароганција и непромислени политики.

Криминалната власт на СДСМ создаде црнила за граѓаните и во црно ги завива нивните судбини.    Граѓаните не заслужуваат  да се гушат во загадениот воздух,  а црнилото кое надвиснало над државата мора да замине. СДСМ мора да си замине, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави