ВМРО ДПМНЕ: СДСМ КРИМИНАЛНА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО БРАНИ КРИМИНАЛОТ

Вести Истакнато Македонија

Наместо бледите реакции кои во очај ги испраќа СДСМ, министерот за земјоделие Николовски треба јасно да одговори на јавноста дали советникот кој ја направил сообраќајката и целосно го демолирал возилото Дачиа Дастер од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имал овластување и можел да го управува истото?

СДСМ – криминална, продолжува да го брани криминалот.

Во обидот да се претстави како несреќен случај и да се заташкаат факти за тоа како Николовски располага со имотот на министерството целиот настан се именува со трагедија. За среќа не е загубен човечки живот па со тоа е избегната трагедија, но за материјалната штета мора да има одговорност.

Доколку постои налог за патувањето на советникот, министерот Николовски да го покаже истиот. Министерот Николовски постапил незаконски злоупотребувајќи ја службената позиција и овластувања, давајќи налог за неовластено користење на службено возило.

Кој ќе ја покрие настанатата штета од оваа сообраќајна незгода, и дали тоа повторно ќе биде од џебот на граѓаните?

Недозволиво е кон имотот на државата СДСМ и Николовски да се однесува расипнички и недомаќински и затоа треба да понесат материјална одговорност и да ја надоместат штетата.

За ваквото постапување министерот Николовски мора да поднесе одговорност, а не да се крие зад бледите соопштенија од Центарот за комуникации на СДСМ.