ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ СЕ НЕСПОСОБНИ ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

„СДСМ се неспособни да го решат проблемот со загадениот воздух. Токму затоа се уште се служат со лажни ветувања и манипулации наместо навистина да се зафатат со намалување на аерозагадувањето.

Две години  после ветувањето на СДСМ за итни мерки за почист воздух,  не е спроведена ниту една мерка.  Како резултат на нивните лаги  државата е најзагадена во Европа, а Скопје секојдневно е во   десетте најзагадени градови во светот.

Светска банка потврди дека заради енормно  загадениот воздух во Република  Македонија, на годишно ниво се регистрирани 1.350 смртни случаи.

Додека граѓаните ги  полнат болниците и ги губат своите животи како последица од загадувањето на воздух,  на власта око не и трепнува. Петре Шилегов си игра игри на телефон, а Јани Макрадули спие во Собрание за време на дебата за решавање на проблемот со загадувањето.

Ветуваат нови автобуси, а не се способни ни постојните да ги одржуваат па затоа секој четврти двокатен автобус скапува во гаражите на ЈСП.  А за да покажат дека има помалку загадени денови, ги исклучија половина од мерните станици и абер немаат повторно да ги стават во употреба.

Лагите на СДСМ повеќе не поминуваат кај граѓаните на Република Македонија. Граѓаните се уверија дека СДСМ ниту се способни, а ниту имаат намера да го решат проблемот со загадувањето. Токму затоа за многу брзо граѓаните ќе ги казнат СДСМ за сите црнила кои и ги нанесоа на Македонија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ