ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ води антидржавна политика газејќи ги националните интереси

/

СДСМ води антидржавна политика, газејќи ги националните интереси.

Законот за јазици кој е изгласан од парламентарното мнозинство на СДСМ е неуставен, неприменлив и создава услови за нови поделби и конфликти помеѓу граѓаните. Со ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, Заев презеде обврска да ја брише и менува македонската историја. Неговите заменици премиери лицитираат со нови имиња, а МНР премолчува палење на македонското знаме и објавување на мапи за поделба на Македонија, се вели соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа на СДСМ му пречи секој што рамислува поинаку и што не се плаши јавно да ги изрази своите патриотски чувства, спротиставувајќи се гласно на антимакедонските политики на Заев. Затоа на СДСМ му требаат притвори за уметниците, пратениците, полициските службеници и останатите чија единствена вина е љубовта кон Македонија. Дурловски, Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски и останатите не се терористи, туку патриоти!

Ова е главната причина поради која што судот работи не по словото на законот, туку по партиска нарачка за политички прогон врз неистомислениците.

Продолжување на притворот на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, на видни актери, уметници, режисери, доктори, е само пренасочување на вниманието на јавноста од распродажбата на националните интереси од страна на СДСМ.

Судот со скандалозните одлуки за продолжување на притворот на лица кои не се терористи, покажа дека е под целосна контрола на владата на СДСМ и Зоран Заев.

Владата на СДСМ се однесува како државата и граѓаните да се нивна приватна сопственост.

Владеењето на правото е подобро од владеењето на било кој поединец. Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара под итно запирање на сите судски постапки кои се без никаков аргумент.



Правосудните органи се продолжена рака на СДСМ.

Кристално јасно е дека судот делува како општинска организација на СДСМ и му помага на Заев во политичкат хајка против лица кои не сториле терористички акт ниту во минатото, ниту сега.

Затоа ниту обвинението има каква било основа, ниту притворите. Патриотите не сториле терористички акт за сега да го повторат. Ниту некогаш биле насилни или некому се заканувале за сега да би можеле да влијаат на истрагата или евентуалните сведоци. Ниту побегнале, ниту имаат причина да побегнат од земјава. Тоа се трите основи за изречениот притвор кои не постојат.

Затоа и се кршат човековите права и не се дава никакво образложение, иако законот го наложува тоа.

Граѓаните ќе ја казнат ваква неодговорна и штетна политика на владата на СДСМ и Зоран Заев.

Секоја влада во Република Македонија мора пред се да ги става интересите, проблемите и потребите на нејзините граѓани, а не да ја уништува Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

Нејмар постави услов на Реал – Еве кои ги посакува за соиграчи

Следна статија

Заврши финансиската блокада на американската влада

Најново од Вести