ВМРО-ДПМНЕ се враќа во собрание

//

Потпредседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев објави дека неговата партија ќе се врати во Собранието на Република Македонија за да го превенираат со амандмани донесувањето на Законот за јазици.

Јанчев е дециден дека „инаетењето на предлагачите на сила да го истуркаат неуставниот закон за двојазичност не е на штета само на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Република Македонија“.

Потпредседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека пратеничката група ќе се врати во собраниските клупи и со амандмани ќе се обиде да го превенира донесувањето на неуставниот закон.



Според ВМРО-ДПМНЕ сосема непотребно е двојазичноста да се спроведува на целата територија на Република Македонија, бидејќи како што истакнува Јанчев тоа ќе му донесе непотребен товар за буџетот, и не во корист за граѓаните.

Претходна статија

Европскиот парламент најави намалување на бројот на пратеници

Следна статија

Горгиев: Се соочувам со закани од некогашни соборци само поради тоа што ја зборувам вистината

Најново од Вести