| |

ВМРО ДПМНЕ : ШИЛЕГОВ Е НЕСПОСОБЕН ГРАДОНАЧАЛНИК

Неспособноста  на Шилегов да се справи со кучињата скитници не може да се оправда ни со милион изјави.  Шилегов потроши 10  месеци од својот мандат, а за Скопје и скопјани не направи ништо, ниту еден проект не е почнат, ниту едно решение не е изнајдено, се што гледаме се само бледи изговори.

Единствено што се гради, е новата викендица на Шилегов, додека проблемите на скопјани се дуплираат.

Скопје во време на Шилегов стана град преплавен од кучиња скитници и тоа е факт кој граѓаните секојдневно го гледаат.

Шилегов секој ден се повеќе го уназадува Скопје, градот наместо да се развива се растура.

Градот не може да се справи ниту со комарци, а не пак да направи капитални проекти. Никаде ги нема ниту двете нови средни училишта што ги ветуваше Шилегов.

Градската власт мака мачи при извршување на основни работи како што се редовно прскање против комарци и третирање и стационирање на кучиња, кои поради тоа што не се решаваат стануваат реални проблеми кои го оневозможуваат нормалното функционирање на скопјани.

Шилегов знае, а знаат и граѓаните, ниту комарците, ниту кучињата се заостанат проблем, тие се проблеми кои се јавуваат поради неажурноста и неспособноста на Шилегов, тој потфрли при решавање на најобични работи.

Градот Скопје не смее да го водат егзибиционисти кои за  себе мислат дека се големи политичари.



Слични Објави