ВМРО-ДПМНЕ: СКОПЈЕ, БИТОЛА И ТЕТОВО СЕ ПОМЕЃУ ДЕСЕТТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ

Вести Истакнато Македонија

Република Македонија под власт на СДСМ е покриена со голема црнина. Според Светската здравствена организација помеѓу десетте најзагадени градови во светот дури три се од нашата држава, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, Битола и Тетово се на врвот на светската листа на загаденост, а Зоран Заев, Јани Макрадули, Петре Шилегов, Наташа Петровска и Теута Арифи не преземаат ништо. Две години откако со државата владее црната СДСМ, нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.

Загадувањето на воздухот кое веќе еден месец е неколкукратно над дозволеното е вистински проблем како за граѓаните така и за економијата. Десетици граѓани секој ден ги полнат болниците како последица на срцеви и белодробни проблеми од загадениот воздух. Најпогодени се малите деца, старите луѓе над 65 години и хронично болните.

СДСМ наместо да преземе мерки за справување загадувањето, министерот за животна средина вели дека не се занимава со граѓаните, заменикот негов Макрадули спие на седници во собранието на кои се зборува за мерки против загадувањето, а Петре Шилегов си игра игри на својот мобилен. Тоа е односот на СДСМ кон животната средина – никаков. СДСМ не е заинтересирана за подобрување на квалитетот на воздухот.

СДСМ не се грижи за граѓаните, СДСМ се грижи само за сопствените теснопартиски интереси. Партијата која ја зави државата во црно на буквално секое поле мора да си замине. Граѓаните очекуваат подобро. Мора да настапи зората за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со оваа ненародна и неспособна власт да ни се приклучат на протестните маршови ширум државата. Ги повикуваме сите слободомислечки граѓани во недела нека ни се приклучат на протестот во Кочани како и наредната среда пред владата. Зората ќе изгрее и ќе ги однесе црнилата, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.