ВМРО-ДПМНЕ: Судот треба под итно да ги пушти од притвор македонските патриоти

Вести Истакнато Македонија

Повеќе од три месеци десетина македонски патриоти лежат без никаков основ по затворите.

Пратеници, режисери, доктори и истакнати граѓани се соочуваат со апсурдни обвиненија за тероризам. Ова е класичен монтиран прогон без почитување на елементарните човекови права, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Судот треба под итно да ги пушти од притвор Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски.

Овој монтиран процес ќе остане запамтен во историјата на Македонија како срам и показател како не треба да функционира правосудството.

Правосудните органи да почнат да делуваат според законот и Уставот на Република Македонија, а не според стравот и наредбите од власта на СДСМ.

Никаде во Европа па и во познатиот демократски свет нема толку многу луѓе, интелектуалци кои целиот свој живот придонеле за афирмација и промоција на Македонија да бидат обвинети за теророризам и да се држат во притвори.

Со секој изминат ден се потврдува дека ова дело е чиста фикција а нивниот притвор е политички воден од еден центар на моќ.

Правосудството мора да ја врати Македонија на вистинскиот пат. Нема влез во НАТО и ЕУ се додека има политички затвореници во затворите низ Македонија.

Власта мора да запре со законските и институционални злоупотреби во интерес на функционалноста на државата и довербата на граѓаните во неа.

СДСМ и Зоран Заев мора да сфатат дека во Македонија секогаш ќе има луѓе кои ќе се спротистват на деструктивните политики што ги води оваа анти-демократска влада.

Реваншизмот и одмаздатата на луѓето кои се против политиките на СДСМ мора да запре, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.