ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

/

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го нарекоа „Профитер“, најавувајќи дека од денеска ќе почнат со серија на прес-конференции на оваа тема.

Портпаролот на опозициската партија, Наум Стоилковски, обивини дека на големо се профитирало од тендерите за изведување на градежни работи за Град Скопје, а за сето тоа, како што рече, обвинителството ќе има полни раце работа.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека наместо намалени цени до 50 проценти од понуденото, градоначалникот Шилегов исплаќал суми за цени кои воопшто не се намалени или се намалени 1 до 2 отсто. Плаќал милионски тендери за кои градежниците, како што вели Стоилковски, губат интерес за работа и исплаќа милионски суми на наместени тендери.

„Во 2018-тата година, за тендер ‘изградба, одржување и реконструкција на вело патека’ со проценета вредност од Град Скопје на цели 27 милиони 800 илјади, се пријавиле 11 учесници – градежни фирми. При тој тендер во 2018. година дури 42 пати е намалувана цената преку електронско наддавање – и тоа довело овој тендер да биде платен 1,5 милиони. Значи од 27,8 милиони проценета вредност, да биде потпишан договор по електронското надавање нели онаа форма на слободна економија, на само 1,5 милиони. И така се работи во слободна економија, така се работи во демократија – 11 конкуренти, се борат за работа, 42 пати е намалувана цената. Но, се потоа, 2019, 2020, па и оваа 2021 година кога економијата почнува да тоне, тендерите на Град Скопје, за чудо, милионски тендери, наеднаш не биле интересни за наддавање, и за чудо, цените на договорите стануваат идентични на проценетата првична вредност од Град Скопје. И тоа продолжува и оваа година, кога во услови на колабирана економија, нема интересенти за тендер вреден една милијарда, 141 милион денари! Две фирми се пријавени, нема борба за цена, проценката и договорот речиси идентични. Се е помал е интересот на фирмите, престануваат наддавањата, трката со цените! Милионските тендери стануваат неинтересни за работа, а крајните договори се речиси идентични на првичната проценета вредност. Тоа води само кон едно: Шилегов, исплаќа милионски суми на наместени тендери!“, изјави Стоилковски.

Според опозициската партија, „Профитер“ ќе покаже како наеднаш за тендери со висина од 2, 3, 5 па и 20 милиони градежниот сектор снемал интерес и не се бори на пазарот. Ќе покаже и јасни индиции за местени тендери, но и ќе даде јасни насоки за работата на Јавното обвинителство.



ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период одржа повеќе прес-конференции на кои го обвинуваше Шилегов по разни основи. Една од нив беше т.н. „Дивоградба“ за наводна градба без документи на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на семејната зграда, како и „Водовод“, каде опозициската партија обвини за градење и градежен зафат на водовод без потпишан договор.

Извор: temite.mk

Претходна статија

Фатен млад скопјанец при обид да ограби аптека

Следна статија

СДСМ реагира: „ВМРО-ДПМНЕ конструираат случаи за Шилегов за да го ублажат поразот на изборите“

Најново од Вести