|

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и СДСМ повторно удираат по џебот на граѓаните

Покачување на цената на кесите во време на криза е само уште една нерационална мерка на Владата на Заев и СДСМ кои повторно удираат по џебот на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека новата мерка, за покачување на цената на кесињата е парцијална која нема да го реши проблемот со загадувањето.

Оваа мерка нема да го намали загадувањето во државата, бидејќи најголеми загадувачи се индустриските капацитети која не ги почитува законите, а нема ниту надзор од државните институции за нивното работење.

Никаде ја нема долго најавуваната гасификација државата и долго најавуваните мерки за намалување на загадувањето и подобрување на животна средина, се вели во соопштението.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, проблемот со загадувањето треба да се решава системски. Власта наместо да почне проблемите со загадувањето на животната средина од најголемите загадувачи, тие забранија користење на пластични кеси.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува владата повторно да ја разгледа оваа своја одлука и да го слушне гласот на народот и истата да биде повлечена.

извор: temite.mk



Слични Објави