| |

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев си поигрува со трагедијата на семејствата на масакрираните момчиња кај Смилковско езеро и ја манипулира целата јавност

Картелот на власт на чело со Зоран Заев си поигрува со трагедијата на семејствата на масакрираните момчиња кај Смилковско езеро и ја манипулира целата јавност. Обвинетите се на слобода, исто како што предвидуваше Тиранската платформа. Не постои никаков интерес сторителите на грозоморната егзекуција да бидат ставени зад решетки, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Родителите на свирепо убиените момчиња кај Смилковското езеро на Велики четврток, пред 6 години чекаат Заев да ја каже вистината, која тврдеше дека ја знае. Заев морбидно си поигрува со нивните чувства и секој ден измислува нова лага.

Заев ја злоупотреби судбината на петте семејства и целиот случај го искористи во крајно морбидна политичка кампања. Алудираше дека функционери од ДУИ стојат зад настанот, дека обвинетите биле во контакт со Невзет Бејта и дека пет од броевите кои биле заведени како државна тајна се на високи функционери на ДУИ. Истиот тој Заев сега манипулира со јавноста велејќи дека Азири и Бејта разговарале за земјоделски субвенции.

Зоран Заев, човекот кој кога го прашуваат за богатството на неговото семејство вели дека не е сигурен дали се шест или седум милиони евра, одеднаш се сеќава дека разговорот помеѓу Невзет Бејта и Фејзи Азири, на денот на убиството не бил поврзан со убиството, туку бил за земјоделски субвенции, ни помалку ни повеќе од 450 евра.

Граѓаните се многу поинтелигентни, отколку што мислат СДСМ и Зоран Заев. Приказните од типот дека полицајци сами се удираат од пајаци или дека обвинетите во масакрот се гонат само заради тоа што разговарале за 450 евра субвенции се провидни и лесно се наѕира манипулацијата.

Случајот со свирепото убиство кај Смилковско езеро надвор од правната логика е вратен на повторно судење, а убијците ослободени од притвор. Сето тоа е дел од платформата од Тирана, врз чија основа Заев ја направи коалицијата со ДУИ.

Правдата за семејствата на ликвидираните момчиња е поважна од коалицијата на Заев со ДУИ.

Додека десетина патриоти, кои се политички неистомисленици на Зоран Заев како дел од монтиран судски случај со месеци се влечат по притвори и судови, без докази и аргументи, обвинети за тероризам, првично осудени убијци се пуштени на слобода.

Заев ја претвори државата во свој картел, каде криминалците се на слобода, а чесните граѓани се измачуваат. Оваа неправда мора да заврши. Правната држава мора да се врати. Граѓаните заслужуваат подобро, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави