Во Атина на 4 февруари ќе има протест за името Македонија

//

По протестот во Солун во неделата, грчките организации и здруженија, најавуваат нов собир, но овој пат во грчката престолнина. Овој протест ќе биде втор годинава, предизвикан од интензивните преговори кои се водат на релација Скопје-Атина за решавање на спорот со името токму кога работите почнаа да се поместуваат од мртва точка. Преку социјалните мрежи и изјави во грчките медиуми се упатува повик на 4 февруари, граѓаните да излезат во центарот на Атина во рамките на кампањата што започна под мотото „Македонија е грчка“. „Македонија била е и ќе биде грчка“, „Тргнете ги рацете од Македонија“, „Името е нашата душа“ беа слоганите со кои илјадници Грци, минатата недела се собраа во центарот на Солун на протестот за „одбрана на името“.



Претходна статија

Законот за употреба на јазиците се враќа во Собрание

Следна статија

Затворање на изложбата на Мазев со предавање на професорот Џепароски

Најново од Вести