Во Битолскиот театар премиерна изведба на претставата „Јулие Цезар“
Во Народниот театар во Битола утревечер (сабота, 28 април) со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Јулие Цезар (Res publica ili Cosa Nostra)“ од Вилијам Шекспир, во режија на Златко Паковиќ од Србија.
Драматург на ова дело е Билјана Крајчевска, сценографијата ја изработи Филип Јовановски, костимите се дело на Благој Мицевски, а музиката на Оливер Јосифовски. Во претставата која е политичкиот трилер, настапуваат актерите од Битолскиот театар: Соња Михајлова, Валентина Грамосли, Елена Моше, Христина Христова –Николова, Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Маја Андоновска-Илијевски, Сандра Грибовска, Петар Горко, Иван Јерчиќ и други членови на ансамблот.
Режисерот Златко Паковиќ во најавата за претставата нагласува дека Шекспировиот „Јулие Цезар” е клучно театарско дело за суштината на републичкото уредување на државата и општеството.
„Повеќе од 2.500 години театарот има задача да поставува неочекувани прашања и затоа е кралица на уметноста. Во оваа претстава Јулие Цезар е чесен и храбар, но во овој случај и да се постави како човек над законот. Јулие Цезар смета дека ако е над законот ќе го зачува законот и дека ако биде император тогаш секому ќе биде добро. Мајсторството на Шекспир отвора многу прашања кои и денес се актуелни“, потенцира режисерот Паковиќ.