| |

ВО ГОСТИВАР УБИЕНА ЕДНА ЖЕНА, А ДРУГИ ДВЕ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ

Повозрасна жена го изгубила животот, а други две лица се повредени утрово во Гостивар. Во 3:55 часот во СВР Тетово е пријавено, дека во стан на ул „Илинденска” во Гостивар има повредени лица.

Полициски службеници кои биле испратени на местото на настанот констатирале дека во еден од становите во зградата повредени се  С.Т. (78), и сопружниците С. Р. (54) и 60 годишниот Б.Р. Набрзо трите лица се пренесени во гостиварската болница каде им е укажана медицинска помош. Највозрасната им подлегнала на повредите, а другите две лица се префрлени на скопските клиники, стои во изјавата за МИА, на Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Веќе е уапсен и лишен од слобода 46-годишен гостиварчанец, за кого се сомнева дека е вмешан во случајот.

На местото на настанот во тек е увид кои го вршат вршат јавен обвинител и полициска екипа.

Мотивите и околностите кои довеле до крвавиот настан сé уште не се познати, соопштуваат од МВР.

Слични Објави